Рафајловски: Корупцијата ја произведуваме „на најјако“!

Бизнисменот Горан Рафајловски смета дека најавените напори од САД за земање учество во решавањето на корупцијата во земјава нема да даде посериозни резултати, бидејќи, како што вели, тие можат да истражат само до одредено нивно, а корупцијата во земјава е длабоко навлезена во сите нивоа.
„Корупцијата е на секое ниво, буквално. И ние ја произведуваме на најјако. За да може некој да дојде од САД и да каже дека ќе ја реши корупцијата, може да каже дека ќе ја реши корупцијата исклучиво за највисокото раководство кое можело да го следи. Што правиме за ешалоните од долу. Во било кое министерство, кое било барање да го поднесете, ви го чуваат во фиока уште од портирница. Додека се качи таму каде што треба ќе ве изрекетираат како будали сите. Од по 100 евра до повеќе, само да го качат на разгледување“, рече Рафајловски.