СВЕТ

Ракетен напад врз Киев, десетици повредени

Повеќе од 50 лица се повредени во денешниот ракетен напад врз Киев каде се регистрирани серија силни експлозии, а според извештаите на западни медиуми голем број згради се оштетени.

Advertisements

Во вториот руски ракетен напад врз Киев оваа недела оштетени се домови и детска болница, пренесува Ројтерс повикувајќи се на информации од украинските власти.

Шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко вели дека од падот на проектили врз неколку станбени згради во областа Днипровски, повредени се најмалку 51 лице, меѓу кои шест деца. Попко, исто така, вели и дека има оштетување на водоводот во областа.

И градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко вели дека од проектили во киевскиот кварт Днипровски оштетени се неколку згради, а има и повредени.

„Осумнаесет од нив, меѓу кои и две деца се хоспитализирани. Жителите на една зграда се евакуираат, а службите за итни случаи работат на гаснење на неколку пожари предизвикани од паѓање на делови од проектил“, се вели во пораката на Кличко објавена на Телеграм.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button