По скандалозниот меч од женскиот ракометен куп меѓу екипите на Гевгелија и Скопје, Ракометната федерација на Македонија донела одлука со која ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања.
Суспензии добиле и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје, е суспендирана со забрана за вршење функција во ракометот во следните две години, а идентична казна има и за тренерот на екипата, Веселинка Треноска.
Претседателот на ЖРК Гевгелија Јулија Беќарова доби забрана за вршење на ракометна функција во следните две години. Делегатот на мечот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење на функција во следните шест месеци./Sportsport.mk/