
Ракометниот Клуб “Алкалоид” го прифати предлогот на Вардар да го одиграат нивниот натпревар ден подоцна со цел да му се излезе во пресрет на Пелистер, кој се пожали дека ќе има ден помалку одмор за финалниот натпревар од Купот на Македонија.
Според првичниот распоред Вардар и Алкалоид требаше да играат во четврток на 16. мај, а Пелистер и Тиквеш ден подоцна. На тоа жестоко реагираше битолскиот клуб кој се побуни дека распоредот е неправеден и ќе имаат ден помалку за одмор.
Вардар денеска се јави со соопштение и предложи и тие и Алкалоид да играат во петок. Сега се јавија од Алкалоид и соопштија дека го прифаќаат предлогот на Вардар и согласни се за промена на терминот.