
Една од осум жени на возраст до 70 години може да заболи од рак на дојката. Свеста на жените за честите контроли е клучна за успешно заздравување на болните. Нарта Каса е една од жените која била болна од овој канцер. Перипетиите се многубројни, вели таа, но битката може да се добие, но само ако навреме се дијагностицира.
„Јас сум типичен пример дека раното откривање спасува живот. Дури и во мојот случај раното случајно откривање беше причина што преживеав. Но, сакам да кажам дека жените кои се соочуваат со рак на дојка ја добиваат битката, но не знаеме колкумина сме ја добиле борбата. Затоа се организираме во вакви форми за да ја подигнеме свеста на сите жени дека раното откривање е клучен фактор за спасување животи. Честата и редовна контрола, која не ја правиме со голема волја, мислам дека е многу важна и игра клучна улога во спасувањето животи“, рече Нарта Каса Исени, Излекувана од рак на дојка.
За жените кои треба да се оперираат, лекарите велат дека не треба да се грижат за естетскиот аспект.
„Хируршката интервенција е неизбежна и не може да се избегне, таа е најефективната мерка за лекување на рак на дојка и за спречување на ширењето, секако заедно со онколошката терапија. Жените најчесто избегнуваат операција поради естетска аспект, но тоа многу лесно се надоместува со употреба на масажи или протези. Апелирам до сите жени да не се двоумат и да не губат драгоцено време третирајќи се со медицински и немедицински препарати. Се претпочита и онколошка терапија, но хируршкиот третман со соодветна интервенција и пластични корекции може да стане достапен за секоја жена“, рече Неџати Јакупи, Хирург.
Овој вид рак дури и до 23 проценти, може да се избегне преку спортска активност бидејќи тој не се врзува со семејната историја и тоа во дури 80 проценти од случаите. Раната едукација и подигањето на свеста, според СЗО, спасува до 37 животи дневно и тоа само во САД.
Башким Сулејмани