ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Раководат државни органи без образование од областа

Директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски застана во одбрана на старо-новиот Управен одбор на компанијата која ја предводи. Образованието на членовите досега не покажало слабости во функционирањето на фондот. Одборот не носел одлуки поврзани со делењето на парите, туку тоа било работа на посебна комисија со странски експерти.

Advertisements

„…Не сме имале пречки од аспект на нивното формално образование во нашата тековна работа, ниту сум забележал недостаток на нивно разбирање за процесите“, вели Јован Деспотовски директор на фонд за иновации.

Во Управниот одбор на Фондот за иновации пред неколку дена владата именуваше седум члена. Еден е преведувач, има социолог, политиколог, инженер, а за еден член нема никакви податоци за образованието. Експертите се со став дека за избор на членови во државни органи предност треба да имаат лица кои имаат познавање на дејноста со која се занимава институцијата.

„Принципот кој Владата треба да го има за изборот е да низ оглас, низ интервјуа, проверка на стручноста да ги избере најквалитетните луѓе коишто ќе изразат интерес за учество во ваквите раководни тела“, рече Миша Поповиќ, Институт за демократија.

Освен именување на членови на Управни одбори, владата синоќа назначи и дел од директорите кои ќе раководат со државни фирми, агенции и институции. Според достапните информации, може да се забележи дека и кај поголемиот дел од новите функционери, образованието не соодветствува со новиот ангажман кој го добија од Владата.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button