ЕКОНОМИЈА
Раководството на Македонска пошта размислува и за приватизација и за јавно приватно партнерство

Приватизација или Јавно приватно партнерство за Македонска пошта? Првиот човек на оваа институција, Јани Макрадули вели дека во игра се и двете опции. Kако што рече тој, регионалните пошти, од поранешната држава, ја познаваат нашата инфраструктура и би биле заинтересирани.
„Сите се заинтересирани бидејќи сите пошти од регионот знаат, градени се на ист принцип, знаат дека има добра инфраструктура, знаат дека има знаење во рамки на поштата, покриеноста е голема и тоа е за нив предност што треба да се искористи. Знаат дека е профитабилна работа и после ковид периодот“, вели Макрадули.