СПОРТФУДБАЛ

Раководството на Рома нуди нов договор за Даниеле Де Роси

Раководството на Рома е импресионирано од работата на Даниеле Де Роси и планира да му понуди нов договор. 40-годишниот стратег го презеде тимот откако Жозе Мурињо доби отказ во јануари. Тој потпиша шестмесечен договор според кој ќе добие 500.000 евра.

Advertisements

Де Роси го предводеше тимот до шест победи во нивните последни седум натпревари во Серија А. Шефовите на „волчицата“ беа импресионирани од тоа како тој можеше веднаш да го подигне тимот и да постигне резултати, како и од одличниот однос со играчите.

Според италијанските медиуми, Рома е подготвена да му понуди двегодишен договор со значително зголемување на платата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button