
Албанскиот премиер Еди Рама во изјава за „Фајненшл тајмс“ оцени дека НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово, повикувајќи ги западните лидери да го решат „бескрајното лудило меѓу балканските земји“.
„НАТО треба повторно да воспостави контрола над северно Косово или ќе се соочи со континуирано насилство меѓу етничките Срби и етничките Албанци во регионот“,изјави албанскиот премиер за ФТ.
Рама, чија земја е членка на воената алијанса, во разговор за ФТ по судирите во Бањска каде загинаа најмалку четири лица, од кои еден косовски полицаец, оцени дека Косово е жариште.
„Таа стана ничија земја со текот на годините каде што сите видови злосторства се комбинираат со растечкиот национализам. Границата меѓу криминалот и политиката е нејасна“, вели Рама.