
Премиерот на Албанија Еди Рама, во врска со обвинувањата на косовската Влада кон специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека тоа се работи кои „оставаат без зборови“ и кои предизвикуваат поголема штета, наместо да ја подобрат ситуацијата, наведувајќи дека патот што го избра Албин Курти не е патот до целта.
Во интервју за Еј-Би-Си Њуз Рама изјави дека пристапот на Приштина и помага на Србија, бидејќи, според него, Србија станува жртва во очите на целата меѓународна заедница и на косовските пријатели и партнери, пренесува Косово онлајн.
– Реакцијата на премиерот Курти пред неколку дена беше без преседан. Не се сеќавам на сличен случај, висок претставник на Косово директно да го обвини претставникот на ЕУ и да каже дека испратил писмо со жалба до функционерите, (германскиот канцелар Олаф) Шолц и (францускиот претседател Емануел) Макрон. Тоа се работи што ве оставаат без зборови и дополнително го оштетуваат она што наводно се обидуваат да го поправат, бидејќи теориите на заговор за соработка што ја откривте меѓу Србија и специјалниот пратеник на ЕУ, не е нешто што е препорачливо да се направи, рече Рама.