
Во негов препознатлив стил на изразување, на прашањето што се случува со евроинтеграцијата на Албанија, тој вели дека Албанците чекале да дојде „невестата“ од Брисел не една, туку повеќе години, но таа никогаш не дошла.
„Продолживме да организираме свадби, големи свадби со музика. Чекавме да дојде невестата од Брисел, не една, не две , не три, туку повеќе години, но таа никогаш не дојде. Ако дојде да не ожени без музика и веднаш во кревет и да имаме деца, нека дојде. Го кажувам со хумор, но замисли си кога сакаш сериозно да се жениш, а таа никогаш не се појавува“, изјавил Рама.
Тој уште со став дека преговорите требало да почнат пред повеќе години, можеби тоа ќе биде следната година, но, додава ” нема да добиеме несоница поради тоа”.
„Не знам, но колку пати има внатрешни проблеми зборуваат за пиштол овде, за мафија таму, за Албанец овде, за некои момци што одгледуваат марихуана во јужниот дел на Албанија или Ротердам. Значи тоа е внатрешен процес на држење подалеку. Нема врска со тоа што го правиме ние“, изјавил Рама