РЕГИОН

Рама смета дека „Отворен Балкан“ ќе донесе признавање на Косово од Србија

„Отворен Балкан“ не е само пат кон иднината за просперитет на албанската нација како европска, која има своја припадност во обединета Европа, туку е и нова, поголема можност на патот кон признавање на Косово од страна на Србија. „Отворен Балкан“ конечно ја отстранува границата меѓу Албанија и Косово, напиша албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.

Advertisements

Иницијативата наиде на остри критики од косовската влада и албанската опозиција, која практично го повторува истото обвинување за наводната хегемонија на Србија и дека Рама дава согласност за таков однос.

Во објавата тој на оние што го гледаат како „предавник“ им рече дека бил првиот што гласно зборувал среде Белград за признавањето на Косово од Србија, и дека ако сите биле како него – секогаш и насекаде, на странски јазици го бранеле признавањето на Косово, денес Косово би било многу повеќе почитувано на меѓународно ниво.

Времето не стои и мирот не се победува со војна, тврди тој понатаму, а Косово ја добило војната благодарение на „непобедливиот“ сојуз на САД со најголемите европски сили.

„Без тој сојуз, нема слобода, нема државјанство, нема мир за народот на Косово“, додаде албанскиот премиер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button