ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Рама: Тажен за Македонија

Рама: Тажен за Македонија

Премиерот на Албанија изјави дека е тажен што Северна Македонија не ги отвори поглавјата за членство со ЕУ. Запрашан од бугарски новинар дали стои зад острите критики кон Бугарија сега кога патот на Албанија е деблокиран, Рама одговори позитивно велејќи дека билатерализацијата на процесите поврзани со ЕУ е нездрава.

Advertisements

„Морам да кажам дека сме многу тажни, дека Северна Македонија нема можност да влезе во оваа фаза од процесот кога беа меѓу првите, или прва го започна овој процес. Така што кога зборувам за нашите понижувања, кога бевме одбиени три пати по ред, се чувствувам малку засрамено затоа што морам да мислам на понижувањето на Северна Македонија. Тие дури и го променија името за да можат да го започнат овој процес. Затоа, да, стојам зад сè што кажав за нашите бугарски пријатели, бидејќи историјата не може да биде причина да се спречи почетокот на преговорите. Различните ставови за тоа која е мајката на нашите херои и со кого водела љубов, и каков бил нивниот идентитет во тоа време и со кого биле поврзани кога одлучиле да водат љубов, се интересни теми за историчарите, но не се дел од нешто што не поврзува да станеме дел од ЕУ“, рече Еди Рама, премиер на Албанија.

Унгарија вели дека ќе продолжи да го поддржува процесот за земјите од Западен Балкан.

„Сметам дека Северна Македонија заслужува да започне и преговори. „Сите знаеме какви пречки стојат на патот и можам да ви ветам како унгарско претседателство и како земја која се залага за проширување, ќе продолжиме да ги поддржуваме двете земји низ преговарачкиот процес што е можно поскоро“, рече Петер Сијарто, Министер за надворешни работи на Унгарија, Претседателство на ЕУ.
Северна Македонија и Албанија истовремено го започнаа процесот на скрининг во 2022 година и планот беше двете земји парарелно да го водат процесот. Сепак, поради блокадата од страна на Бугарија, патот е запрен за Македонија./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button