ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рамадани од екстрадиционен притвор во домашен притвор на адреса во Скопје

Рамадани од екстрадиционен притвор во домашен притвор на адреса во Скопје

Кривичниот суд ја смени мерката притвор за косовскиот државјанин, поранешен војник на ОВК, Блерим Рамадани. Од екстрадиционен притвор, оди во домашен притвор на адреса во Скопје.

Advertisements

Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена од Интерпол Србија, беше уапсен на 17 јули на граничниот премин Јажинце. Рамадани е на списокот со меѓународни потерници за припадниците на ОВК на Србија, осомничени за воени злосторства на Косово во периодот од 1997 до 1999 година.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за време на посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули побара од скопските власти да го екстрадираат Рамадани во Србија. Пуштањето на Рамадани се случува само еден ден по официјалната посета на министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла на Скопје. Тој рече дека Скопје треба да одлучува самостојно, обвинувајќи ја Србија дека има тенденција да ги расипува односите меѓу државите од Западен Балкан. Рамадан ќе оистане во домашен притвор до 16 август. После тоа, судот треба да одлучи дали против Рамадани треба да се покрене постапка за екстрадиција или тој да биде ослободен. Рамадани е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на потерница издадена од Србија. Претходно беа уапсени Гафур Дуголи и Томор Морина, но и тие со судска одлука беа ослободени.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button