Рамиз Мерко му честита на Доналд Трамп со зборовите „Господ да ја благолови Америка„
Рамиз Мерко му честита на Доналд Трамп со зборовите „Господ да ја благолови Америка„

Рамиз Мерко, само два часа по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД, побрза да му го честита изборот со зборовите господ да ја благолови Америка.Честитката на Мерко, која е објавена на неговиот профил на ФБ и официјалната страна на Општина Струга, се случува во момент, кога Мерко речиси две години се наоѓа на американската Црна листа. Тоа беше причина македонските правосудни органи да процесуираат неколку обвиненија против Мерко за злоупотреба на службената положба и овлстувања.
Мерко беше ставен на Црната листа на САД, во времето на претходната администрација на САД, на чело со Џо Бајден.Според Вашингтон, Мерко бил вмешан во значајна корупција. Оттаму велат дека Мерко, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата во демократските институции и функционери.
Од Вмро во Струга велат дека станува обид за ситно политичко профитертво од страна на Мерко.
Покрај Мерко, на црната листа е и неговото потесно семејсто и се означени како лица на кои влезот нема да им биде дозволен во таа земја, соопшти во јуни 2023 година, американскиот Стејт Департмент. Инаку против Мерко во моментот активн се девет судски предмети. Судењето за истите продолжува на 24 јануари, односно за набавката на луксузното Ауди А6, незаконското назначување на директори во неколку Основно училишта,а почнува и судењето на спорната табла, на влезот на општинската зграда./Алсат.мк
Мики Трајковски