ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рамиз Мерко ставен на Црната листа на САД

Рамиз Мерко ставен на Црната листа на САД

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и неговото најтесно семејство се ставени на Црната листа на САД и се означени како лица на кои влезот нема да им биде дозволен во таа земја, соопшти попладнево американскиот Стејт Департмент. Според Вашингтон, Мерко бил замешан во значајна корупција. Оттаму велат дека Мерко, како градоначалник на Струга, злоупотребувал општински средства и се мешал во судски и други јавни процеси, наштетувајќи ѝ на довербата во демократските институции и функционери.

Advertisements

„Денешната акција испраќа порака дека САД ја поддржуваат Северна Македонија со поттикнување стабилност преку зајакнување на демократските институции и решавање на недостатоците во владеењето на правото. Ова ја потврдува посветеноста на САД во борбата против корупцијата којашто му наштетува на јавниот интерес, го уназадува економскиот напредок на земјата и ги оневозможува властите да одговорат ефективно на потребите на граѓаните“, се вели во сопштението на Стејт департмент на САД.

Одлуката вечерва на социјалните мрежи ја коментираше и американската амбасадорка во Скопје, Ангела Агелер.

„Народот во Северна Македонија заслужува интегритет од своите јавни официјални лица и систем кој од нив ќе бара одговорност. Соединетите Држави ќе продолжат да посочуваат секого, без разлика на позицијата или политичката партија, кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилноста на Северна Македонија“, изјави Ангела Агелер, Амбасадорка на САД.

Забраната за влез во САД се однесува и на неговата сопруга Шпреса и трите деца Генц, Назмије и Дренуше.

Алсат денеска неколку пати го бараше Мерко за да го чуе неговиот став за оваа одлука на Вашингтон, но тој не одговараше на нашите повици. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button