ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Рамковни“ вработувања само со приложен документ за етничка припадност?

Канцеларијата на Народниот правобранител и понатаму добива претставки за злоупотреба на правото на изразување на етничка припадност при вработување. Народниот правобранител Насер Зибери, за Алсат вели дека во земјава не постои правен механизам кој ја утврдува правната одговорност за раководителите на институциите и комисијата која ги интервјуира и избира вработените кои толерираат манипулации преку лица кои лажно ја декларираат својата етничка припадност.

Advertisements

„За жал, ниту еден од соодветните закони не предвидува таква мерка со која во случај на отстапување во конкурсот, во сегментот на манипулација со етничката припадност, да се одговара“, изјави Насер Зибери, народен правобранител

Застапеноста на Албанците во институциите во јавниот сектор во 2007 година беше 10,8% а во последниот извештај таа е 20,1%. Ова, според Зибери, покажува дека балансерот како механизам ги дал вистинските резултати, но треба да се најдат механизми за да се избегне неговата злоупотреба.

„Оваа законска и уставна дефиниција треба да постои. Релевантната институција, на прво место Министерството за јавна администрација, треба да најде механизми и инструменти за елиминирање на манипулациите“, изјави Насер Зибери, народен правобранител

Сè додека изјавата за етничката припадност на лицето кое бара вработување е единствениот потребен доказ, Зибери вели дека можноста за манипулација ќе продолжи да постои.

„Тоа би било ограничено доколку постои документ од официјален орган во кој се докажува националниот идентитет бидејќи во тој случај изјавата не би била потребна. Во постапката за конкурс би се барал и документ во кој е забележен националниот идентитет на секој граѓанин. На овој начин ќе се елиминира можноста за манипулација“, изјави Насер Зибери, народен правобранител

Балансерот како механизам одредува од која етничка припадност треба да биде вработено лице во некоја институција за да се постигне правична застапеност на сите заедници. Досега само Алсат документираше десетици случаи на манипулација на балансерот кога лица од друга етничка припадност, конкурираат за вработување со лажно пријавување дека припаѓаат на друга етничка заедница. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button