
Македонскиот државјанин Д.Л.(21) е еден од двајцата повредени во пукањето што се случи синоќа во белградската населба Врачар, пренесуваат српските медиуми.
Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“.
Како што соопшти српската полиција најпрвин бил ранет А.П. (26), а потоа со два куршуми во грбот бил ранет и македонскиот државјанин Д.Л. (21).
Дел од локалните медиуми пишуваат дека е можно македонскиог државјанин да е ранет случајно.