СПОРТФУДБАЛ

Рангник би можел да биде нов тренер на Баерн

Баерн Минхен до крајот на неделата би можел да го објави својот нов тренер, пренесуваат германските медиуми. Фаворит за замена на Томас Тухел е Ралф Рангник, кој во моментов е селектор на австриската фудбалска репрезентација.

Двете страни веќе се во разговори и се чини дека договорот е сè поблиску.

До неодамна се сметаше дека постои голема пречка за 65-годишниот за работа на Алијанц Арена поради недоразбирањето со Ули Хенес, но се чини дека односите се добри.

Баерн ќе мора да плати надомест на Фудбалската федерација на Австрија за да потпише со Рангник по завршувањето на ЕП 2024. Рангник има договор со Австријците до 2026, но во Минхен се оптимисти дека ќе постигнат договор.

Во наредните денови е закажан состанок на директорите на Баерн на кој сериозно ќе се разговара за ситуацијата со назначувањето наследник на Тухел кој си заминува на крајот од сезоната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button