Рано е за трета доза вакцини во земјава, стотици илјади уште не ја примиле ни првата

Властите се обидуваат да ја подигнат свеста кај граѓаните што е можно поскоро да се вакцинираат. Имајќи предвид дека само една четвртина од популацијата е имунизирана со две дози, потребата за трета доза се појави со ширењето на новата Делта варијанта, која е неколку пати повирулентна и поагресивна. Епидемиолозите велат дека третата доза може да се земе најмалку 1 месец по втората, но и повеќе.
Не верувам дека ќе дојде многу брзо тоа што оние кои не примиле доза да се вакцинираат, а потоа да дојдат да ја добијат третата доза. Значи, сега не се дискутира за третата доза без да се вакцинираат другите со првата и втората. Во зависност од тоа како го поминале ковид, пациентите кои биле асимптоматски, можат слободно да ја добијат првата доза по еден месец. Оние кои имале симптоми може да ја примат дури и по 3 месеци, не предизвикува контраиндикации – изјави Љуљзиме Бајрами, епидемиолог.
Според истражувањата на Институтот за јавно здравје, низ земјава има поголеми кластери во 6 градови – Скопје, Охрид, Куманово, Кичево, Гостивар и Тетово. Од тетовската болница повикуваат да се почитуваат мерките и да се вакцинираат што е можно повеќе граѓани со првата доза.
Апелирам до целото население дека единствената заштита од оваа пандемија е вакцинацијата, добро е целото население од 16-годишна возраст да се вакцинира за да го зачуваме нашето индивидуално и колективно здравје на сите наши граѓани и секако на најблиските – рече Илбер Бесими, Лекар.
Од Министерството за здравство велат дека подготвуваат план за третата доза. Но, се составуваат приоритетни листи за категориите граѓани со високи здравствени ризици кои беа вакцинирани во текот на пролетта, а на кои сега во новиот бран им е потребна трета доза. Комитетот за имунизација ги следи препораките на надворешните регулаторни тела, како и примерите на други држави и врз основа на нив ќе се подготви и план за третата доза. Здравствените власти велат дека таа дефинитивно ќе треба да се аплицира поради варијантата делта.
Аднан Ќаили