СПОРТ

Раониќ го собори светскиот рекорд по број на асови

Милош Раониќ на стартот од турнирот во „Квинс“ го совлада Камерон Нори со резултат 2-1 (6-7, 6-3, 7-6), но најинтересно не е ниту пресвртот, туку соборување на светскиот рекорд на Раониќ по број на асови во меч на два добиени сета.

Advertisements

Канадскиот тенисер го собори светскиот рекорд по број на асови сервирани во меч одигран во два сета. Раониќ отсервира 47 асови, а претходниот рекорд го држеше Иво Карловиќ од 2015 година кога Хрватот успеа да отсервира 45 асови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button