МЕТРОПОЛ

Раперот Шон Диди Комбс е уапсен во Њујорк

Раперот Шон Диди Комбс е уапсен во Њујорк под „неодредени федерални обвиненија“, пренесува Би-би-си.

Advertisements

Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и во Мајами во март. Лице блиско до обвинителството за „Њујорк тајмс“ изјави дека верува оти познатиот американски рапер е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.

Адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, вели дека се разочарани од апсењето и дека неговиот клиент е невин човек.

Музичарот се соочи со низа обвинувања – од сексуален напад до малтретирање – вклучувајќи ги и оние од неговата поранешна партнерка Касандра Каси Вентура. Тој негираше се за што беше обвинет.

Како што пишува Би-би-си, апсењето е извршено како дел од истрагата на претставници на американската внатрешна безбедност.

Американскиот обвинител за јужниот округ на Њујорк, Демијан Вилијамс, го потврди апсењето во изјава вчера вечерта.

„Претходно оваа вечер федералните агенти го уапсија Шон Комбс врз основа на запечатено обвинение поднесено од јужната судска област на Њујорк“, рече обвинителот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button