ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расчистен случајот за пукањето кон градоначалникот на Арачиново

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид во градежни работи. Оттаму велат дека е откриен идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до скопското Јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за убиство во обид.

Advertisements

Се работи за 36-годишник со иницијали М.А.,веќе познат на полицијата. Мотивите не се познати.

Обидот за убиство на Ридван Ибраим се случи на 1 април додека тој ги набљудуваше работите на главниот пат во Арачиново. Од истрелот од автоматска пушка повредени беа две лица.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button