МАКЕДОНИЈА

Расчистена тешка кражба, приведено лице од Скопје

Полициски службеници од ОКР Кисела Вода вчера го лишиле од слобода Е.Х.(31) од Скопје, за кого била распишана потерница поради основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба” извршено на 15.02.2002 на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје.

Advertisements

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека тој бил приведен во полициска станица, при извршен службен разговор во целост го признал делото и го појаснил начинот на кој го извршил, а украденото е вратено на сопственикот.

За случајот е известен јавен обвинител по чии насоки против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 236 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button