КОШАРКАСПОРТ

Расел Вестбрук, и следната сезона ќе игра за Лос Анџелес Клиперс

Искусниот плејмејкер Расел Вестбрук нема да менува клуб и во следната сезона ќе остане во Лос Анџелес Клиперс. Според најавите на добро упатениот Адријан Војнаровски, ветеранот ќе добие автоматско продолжување на договорот. Во следната сезона Вестбрук ќе игра за „само“ четири милиони долари.

Вестбрук во минатата сезона имаше половична минутажа, во просек играше по 22 минути, а за тоа време достигна 11 поени, 5 скока и 4,5 асистенции по натпревар.

Клиперси освен Вестбрук, понасочени се кон задржувањето на Пол Џорџ за кој имаше најави дека ќе замине, меѓутоа веројатно нема да дојде до тоа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button