
Рекордерот по бројот на остварени трипл дабл во НБА лигата, Расел Вестбрук го напушти Лос Анџелес Клиперс во трејдот со Јута Џез.
Во размената на играчи учествуваше Крис Дан кој заминува во тимот од Калифорнија, Јута Џез ги доби правата на Балша Копривица, а плати и 4,3 милиони долари за искусниот Вестбрук.
Сепак, се очекува договорот со плејмејкерот да биде откупен и Вестбрук ќе може без проблеми да се пресели во Денвер Нагетс што е негова главна цел.
Со тоа, шампионот од 2023 година ќе добие огромно засилување и играч кој може да му помогне на Никола Јокиќ во походот кон нов шампионски трофеј.