Рашиди: Не сме координирани со ВМРО-ДПМНЕ, ние сме во коалиција само со Алтернатива

Сурија Рашиди поканет во емисијата „Патот кон ..“, ги отфрли тврдењата на координаторот на ДУИ дека коалицијата АА-ААА е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Според Рашиди, во моментов Алијанса за Албанците има само една коалиција, а тоа е Алтернатива.
„Веќе не треба да го разјаснуваме ова прашање затоа што го разјаснивме еднаш, двапати, десет пати и 100 пати, но повторно велам дека немаме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Единствената коалиција што ја има Алијанса е Алтернатива и единствената коалиција што ја има Алтернатива е Алијанса. За други коалиции, во иднина, ќе го земеме предвид само нашиот политички интерес и интересите на оние што ги претставуваме. Кога и да се случи и што и да се случи, воопшто нема да нè интересира што мисли ДУИ и воопшто не ја прашуваме ДУИ со кого ќе коалицираме. Но, сето ова прашање што тие го покренуваат како можна коалиција со ВМРО има порака да им каже на граѓаните дека се со лошите, тие се со ВМРО“, вели Рашиди.