ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рашковски се брани во „Софтвери”: Негира дека го купил сопствениот патент

Еден прилично скромен човек, пред се домаќин, татко на три деца. Професор на Правен факултет. По некоја животна случајност и генерален секретар на Владата. Ако треба да издвојам, човек кој ги сака луѓето, а понатаму човек кој е семеен човек – родителите ме научиле дека моралот и етиката никогаш не смеат да бидат доведени во прашање.

Advertisements

Вака Драги Рашковски се претстави себеси денеска во судница каде дава одбрана во случајот „Софтвери” како првообвинетиот во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

Наведувајќи ги своите научни трудови, книги и патентите, чиј автор е, тој тврдеше дека софтвер не може да се патентира кај нас ниту во Европа, туку може систем, а она што го купил како генерален секретар е различно од системот што тој си го патентирал.

Рашковски во својата одбрана тврди дека спецификацијата на неговиот патент е уредите да може да ја менуваат локацијата, на пример да се стави камера на полициско возило и да детектира и определи просечна брзина на возило. За разлика од тоа, објаснуваше, софтверот што е набавен од Генералниот секретаријат е со фиксни координати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button