ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рашковски во мобилен телефон бил запишан како псевдоним со бројка

Обвинителството почна да ги презентира доказите за случајот „Софтвери“ каде првообвинет е екс владиниот генерален секретар Драги Рашковски. Се презентираа пораки од Вибер меѓу обвинетите Даниел Станчев од фирмата „Инвока груп“, Ирена Ивановска и Рашковски. Рашковски во телефонот бил зашишан под псевдоним, „Перо 078“. Според пораките кои ги читаше обвинителката Ивана Трајчева, тие разговараат за конкурирање на тендер.

Advertisements

На судењето се презентираа и други пораки меѓу Станчев и поранешен хонорарец во Владата. Тие комуницираат за набавка и за понудите на тендерот и која колку чинела. Дека станува збор за тендер во врска со софтверот за определување просечна брзина на возила во сообраќајот, според пораките што ги читаше обвинителката, станува јасно кога зборуваат која фирма колкава понуда дала и се споделуваат фотографии во врска со набавката од веб-страницата на Бирото за јавни набавки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button