
На крајот од преодниот рок во турскиот фудбал, Енур Тотре ја смени средината и од Украина се сели во Турција. Тотре потпиша за турскиот второлигаш Сакаријаспор, веднаш откако спогодбено го раскина дотоворот со Ворскла Полтава.
27-годишниот Тотре минатата сезона ја мина на позајмица во Шкендија, но не влегува во плановите на Ворскла, па клубот се ослободи од неговата плата. Тотре претходно во кариерата настапуваше и албанскиот прволигаш Тирана. а има и три официјални настапи за сениорската селекција на Македонија.
Фудбалерот за врска минатата сезона одигра 31 натпревар за Шкендија во ПМФЛ и постигна пет гола.