ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Расправија во џамија заврши крваво/ Избоден маж кој му се заканувал на градоначалникот на општина Желино
Расправија во џамија заврши крваво/ Избоден маж кој му се заканувал на градоначалникот на општина Желино

Во 14.15 часот О.И. (36) од с.Стримница, тетовско, самиот се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото Стримница со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од с.Стримница. Ф.Б. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал Б.С. (34), градоначалник на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што се дал во бегство.