ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Распределба на буџетот: Планирано е зголемување на платите во администрацијата од 5 на 10 отсто

Андреа Чобанова

Advertisements

Министерството за животна средина во 2022-рата ќе има поголем буџет од годинава. На сметката ќе има 22 милиони евра, односно 7 милиони повеќе. Се планираат за 78 отсто повеќе пари за капитални проекти. Најголемо зголемување на средствата е наменето за намалување на аерозагадувањето, дури 6,6 милиони евра. Од Животна средина велат дека во зголемувањето на буџетот за 78 насто е вклучен и кредитот што овој сектор планира да го побара од Европската банка за инвестиции.

Предлог-буџет за 2022 година (милиони евра)

2022                  2021

Животна средина                              17,6                   14,3

Управување со води                             2,4                    2,1

Управување со отпадни води            10,3                   2,2

Намалување на аеро-загадување        11,1                  4,5

Министерството планира расположливите пари да ги потроши за проекти како изградба на колектор во Охридското Езеро за што се потребни над 500.000 евра, потоа за изградба на дополнителен капацитет за снабдување со вода на Дојранското Езеро во вредност од над 700.000.

„Зголемувањето на буџетот од 79% е всушност сума во која е вклучен и заемот што Министерството за животна средина планира да го побара од Европската инвестициска банка за реализација на втората фаза од проектот „Водовод и канализација“, преку кој општинската инфраструктура ќе се зајакне и ќе се подобрат условите за живот во сите општини во државата. Вкупниот заем е 50 милиони евра, но нема да се бара одеднаш, а ќе се користи во долгорочен план и во зависност од реализацијата на проектите“, велаат од  Министерство за животна средина

Едно од најважните поглавја во годишниот извештај на Европската комисија за С. Македонија беше за животната средина и климатските промени. Во извештајот се наведува дека во наредната година, земјата особено треба да ја подобри меѓусекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на загадувањето на воздухот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button