МАКЕДОНИЈА

Растат „онлајн“ измамите

Помина година и пол од измамите на интернет платформата Бигкомерс, но измамите на интернет продолжуваат. Министерството за внатрешни работи со нов апел – граѓаните да внимаваат со кого ги споделуваат личните податоци.

Advertisements

Станува збор за лажни наградни игри, кои според секторот за компјутерски криминал при Бирото за безбедност, како феномен се зголемиле во последниот период. Оттаму појаснуваат дека измамите се прават преку социјалните мрежи, особено преку Фејсбук, каде лажни профили, именувани по некоја од познатите компании во земјава, користејќи ги нејзините лого и бренд, се појавуваат со најави за организирање на наградни игри и нудат ваучери, мобилни телефони и други слични награди, а имаат за цел само да добијат неовластени податоци од граѓаните.

„За учество во овие лажни наградни игри се бара од граѓаните да кликнат „ми се допаѓа“ на веб-страницата и конкретната публикација, да напишат „учествувај“ во коментарот и да ја споделат таа публикација за што повеќе да се шири лажната наградна игра. Потоа од креаторите на овие игри, на граѓаните им се испраќа порака дека добиле награда, додека за повлекување им се потребни лични податоци, да испратат фотографии од личната карта (од двете страни), како и фотографија од носителот на личната карта“, наведуваат од МВР.

Експертите за сајбер безбедност велат дека списокот на злоупотреби на податоци што може да се појават на интернет е неограничен. Категоријата на граѓани кои се најзагрозени во оваа област се постарите лица.

Кордалов се надева дека што поскоро ќе започне со работа Агенцијата за сајбер безбедност, но дотогаш апелира граѓаните да бидат свесни и да не ги оставаат на интернет своите лични податоци.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button