ВЕСТИРЕГИОН

Растат водостоите на реките во Хрватска, врвот на водениот бран за 7 до 10 дена

Водостоите на реките во Хрватска растат, а во наредните денови се очекува доаѓање на нов воден бран и покачување на водостоите на Мура, Драва и Дунав. Врвот на водениот бран се очекува за седум до десет дена, а водостојот на Дунав би можел да биде исклучително висок, а долж него се концентрира и одбрана од поплави, пренесува ХРТ.

Advertisements

Врвот на водениот бран на испустниот предел од Унгарија треба да биде во понеделник на 23 септември, па тогаш најверојатно ден потоа би стигнал до Хрватска.

Очекуваме дека нивото на водата на водомерот Батина ќе биде на ниво од 700 сантиметри“, изјави раководителот на Центарот за одбрана од поплави на хрватските води Марио Спајиќ, пренесува Танјуг.

Според ХРТ, прво на удар е викенд-одморалиштето Зелени оток кај Батина, чии жители се подготвуваат за повисоки водостои од предвиденото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button