ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расте бројот на граѓани кои се жалат на осигурителните компании

Расте бројот на граѓани кои се жалат на постапките на осигурителните компании. До регулаторното тело, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, лани пристигнале поплаки од граѓани за дава и пол пати повеќе од претходната година. На три осигурителни друштва веќе им се изречени четири мерки од кои две се парични глоби.

„Она што е битно да се истакне е дека бројот на претставки во Агенцијата за супервизија на осигурувањето во 2021 година во однос на 2022 година е пораснат за два и пол пати. Тоа беше е наша интенција, како раководство на агенцијата, да ја отвориме агенцијата и на осигурениците да им покажеме дека постои институција која се грижи за нивните интереси“, изјави Крсте Шајноски претседател на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Една од позначајните поплаки што дошле од многумина, надлежните ја наведуваат претставката во која на осигуреник не му беше продолжено осигурувањето поради тоа што во меѓувреме му бил дијагностициран рак. Податоците велат дека граѓаните кои купиле осигурителни полиси, минатата година поднеле претставки за 18 компании од тој бизнис. Меѓу другото, осигурениците се жалеле на основот на кој се исплатуваат штетите, како и за висината на износот што осигурителните компании им го понудиле за исплата. Во 161 случај се жалеле физички лица, а 39 претставки дошле од фирми.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button