ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Расте бројот на склучени, но и на разведени бракови во државава

Бројот на склучени бракови во државава бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови.

Advertisements

Според последните податоци објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на склучени бракови во 2021 година, е зголемен за 29.8 отсто, во споредба со претходната година и изнесува 13 337 бракови.

Најголем број бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 4 392 или 32.9 отсто кај жените и 4 959 бракови или 37.2 проценти кај мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 27.0 години за невестата и 29.8 години за младоженецот.

Податоците од ДЗС покажуваат дека и бројот на разводи минатата година бележи зголемување од 25.2 отсто, односно евидентирани се 1 964 разводи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button