Расте бројот на заболени од корона вирусот
Расте бројот на заболени од корона вирусот

Варијанта на корона вирусот забрзано се шири во земјава. Во последните две недели евидентиран е голем број на заразени со корона вирусот, со што започна летниот бран, велат надлежните. Со летувањата на нашите граѓани и посетите на иселениците, зголемена е и фреквентноста. Над 30% од тестираните биле позитивни дијагностицирани . Денеска, од 1.385 направени тестови, 504 се позитивни. Од комисијата за заразни болести велат дека сме на прагот на нов бран.
„По испитувањето на моменталната епидемиолошка состојба во државата, констатирано е зголемување на новозаболените со корона вирусот за 79,9 отсто“, велат од Комисијата за заразни болести.
Од Инфективната клиника велат дека се во состојба на готовност, но дека моментално имаат само 12 пациенти заболени од корона вирусот.
Иако најновата варијанта е многу вирулентна, не е толку опасна за пациентите и мал број се хоспитализираат. Од Инфективната клиника велат дека е подготвена и модуларната болница,и по потреба може да се отвори.
Комисијата за заразни болести препорачува да се почитуваат важечките мерки за носење маски во јавен превоз, автобуси, комбиња, такси, возови, авиони. Исто така, носењето маски во здравствените установи и во домовите за згрижување стари лица остануваат задолжително со закон./Alsat.mk
Аднан Ќаили