
Индиското Министерство за здравство формираше комитет за испитување на мистериозна болест во градот Елуру и неговата околина.
Тим лекари од главната индиска болница и истражувачка институција, Институтот за медицински науки во Индија, во моментов е во посета на градот за да ги открие причините за неидентификуваната болест.
Лекарите треба да достават прелиминарен извештај до вечер.
Во меѓувреме, вицепремиерот и министер за здравство Ала Кали Кришна Сринивас рече дека примероците на крвта на пациентите биле прегледани и дека не се откриени вирусни инфекции.
Како што претходно беше објавено, мистериозната болест што се појави во Индија предизвикува губење на свеста, мачнина, пена на устата и епилептични напади. Досега се хоспитализирани повеќе од 350 лица, а еден пациент почина.