Расте бројот на жени со дијагностициран рак на дојки
Расте бројот на жени со дијагностициран рак на дојки

Светската здравствена организација (СЗО) алармираше за зголемениот број жени кои страдаат од рак на дојка. Според статистичките податоци, кај нас секоја година се дијагностицираат повеќе од 1.000 жени, а починуваат околу 350. СЗО ги повикува здравствените институции да им обезбедат на сите жени, без оглед каде живеат, во рурални или урбани средини , да имаат еднакви права и полесен пристап до скрининг и навремено лекување на ракот на дојка.
Друштвото ЕЗРА ги критикуваше здравствените институции за немањето термини за прегледи за мамографија, ултразвук и магнетна резонанца, бидејќи тоа доведува до доцно дијагностицирање на ракот на дојка и ги намалува шансите за успешно закрепнување.
Во дебатата за одбележувањето на розовиот месец, кој е посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка, имаше и поплаки за позитивната листа на лекови, бидејќи беше речено дека не се додадени лекови за заболувања од рак. Исто така, има зголемување на бројот на млади жени дијагностицирани со рак на дојка./Алсат.мк
Линда Ебиби