ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Разочарани од односот на министерот за култура, од Синдикатот најавија протестен собир во вторник во 12 часот пред Министерството за култура

Разочарани од односот на министерот за култура, од Синдикатот најавија протестен собир во вторник во 12 часот пред Министерството за култура

СДСМ бара итна исплата на платите на работниците во култура, инспекторите, социјалните работници и вработените во економскиот сектор. Оттаму посочуваат дека фактот што за време на велигденските празници овие семејства останаа без приходи, веќе не е случајност, туку системски хаос и целосна незаинтересираност од страна на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

„Наместо вработените во голем број институции достојно да го прославуваат празникот Велигден, тие останаа без плати кои во минатото постојано се исплаќаа пред празниците. Владата молчи, а илјадници семејства останаа без приходи и полна трпеза, поради некомпетентноста на Мицкоски и неговите министри. Денес бараме одговор, зошто не се исплатени платите, кој ќе сноси одговорност и што е најважно – до кога државата ќе се однесува како платите да се „услуга“, а не обврска?“, велат од СДСМ.

Вчера, Синдикатот во културата соопшти дека овој проблем се јавува секоја година во април, поради проблеми со усогласувањето на зголемувањето на платите. Оттаму изразија разочараност од министерот за култура и најавија протести за вторник. Од овој синдикат, исто така, велат дека ќе ги остварат сите законски можности за остварување на своите права. Поконкретно, ќе поднесат кривични пријави против директорите за непочитување на колективните договори и закони, ќе поднесат индивидуални тужби против институциите за неисплата на плати согласно Колективните договори, ќе поднесат индивидуални тужби до институциите за парични побарувања за доцнење на плати за последните 3 години, и ќе ги информираат странските амбасади и претставништва, особено оние на Европската унија и САД, за повреди на загарантираните уставни и работнички права во земјата. Министерството за култура соопшти дека вработените ќе ги добијат своите плати заедно со зголемувањето во првите два дена од наредната недела, нагласувајќи дека причината за доцнењето се должи на усогласувањето на платите со Министерството за финансии./Алсат,мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button