ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Разрешена судијката Неделкова, процедурата ја почна Вангеловски, ја заврши Здравев

Судскиот совет ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова. Членовите на највисокото судско тело едногласно констатираа дека Неделкова ненавремено и несовесно работела во Врховен. Таа моменално е суспендирана како врховна судијка и не смее да влезе во судот.

Advertisements

„Ненавремено, немарно, несовесно извршување на работните обврски, повреда на судскиот деловник, односно кодексот за судска етика и сите три повреди се основани. Така утврдивме, така и гласавме“, рече Киро Здравев, претседател на Судски совет.

Одговорност за Неделкова во минатото бараше и сега веќе разрешениот шеф на Врховен, Јово Вангеловски. Според неговите замерки, Неделкова земала одмор без решение, не сакала да добива предмети, а како грев ѝ се препишуваше и отсуството на седници во Советот за жалби. Но, таа вели – паднала и ја повредила вилицата, но имало која да ја замени. Неделкова денеска ги негираше сите наводни прекршоци.

„Јас доставив докази, а тој никакви докази нема доставено. И сите тие наводи дека сум го попречувала работењето, како што рече колегата во издвоеното мислење. Не само што нема штета, напротив…“, изјави Неделкова.

Одлуката на Судскиот совет не е финална. Неделкова може да се жали пред колегите во Врховниот суд, каде беше шефица. Во прислушуваните разговори судството го доби епитетот „сваровски“ затоа што во еден од аудио-записите се слушаше како соговорниците тврдат дека за услуги добивала кристали од тој бренд.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button