ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Разрешена судијката Софија Лаличиќ

Со 11 гласа „за“ и 2 „против“, денеска Судскиот совет донесе одлука за разрешување на судијката Софија Лаличиќ.
Адвокатот Асмир Алиспахиќ во септември поднесе кривична пријава до Скопското јавно обвинителство и пријава за разрешување до Судскиот совет за судијката Лаличиќ која го казни со 2.000 евра зашто ја навредил на „Фејсбук“, нарекувајќи ја „сваровски судијка“.
Нејзиното име беше споменато во една од „бомбите“ коишто ги објави тогаш опозициската СДСМ. Гласот на Лаличиќ се слушна во разговор со екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.