ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реакции; За десет месеци, четири убиства

Реакции; За десет месеци, четири убиства

По синоќешното убиство во Штип, од СДСМ велат дека безбедноста во Македонија е целосно нарушена и дека убиствата станале секојдневие, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нема контрола над безбедноста. Велат, речиси секоја недела има убиства и тоа пред очите на граѓаните. За само 10 месеци, во Скопје имаше неколку убиства – во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари,како и значително е зголемен бројот на разбојништва и кражби. Луѓето стравуваат за својата безбедност кога ќе излезат во кафе – бер или ресторан, велат од СДСМ.

Advertisements

„Вчерашното убиство во Штип, во кафе бар, е само последно во низата убиства што се случија изминатава година и тоа јавно пред сведоци. Ова е доказ дека министерот за внатрешни работи Тошковски ја губи контролата врз безбедноста на државата. Тошковски не само што нема капацитет да се справи со криминалот и да ја гарантира безбедноста на граѓаните – туку и дозволува негово слободно ширење на улиците, па дури во полициските станици“, рече Богданка Кузеска – порпарол СДСМ.

Од Вмро Дпмне пак велат дека борбата против криминалот е долга и макотропна, но сега за разлика од порано кога криминалците биле заштитени од власта на СДС, тие се изведуваат пред лицето на правдата. Велат во време на СДСМ криминалците шетаа слободни по улиците, а сега завршуваат зад решетки.

„Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата се гледаат и првите резултати од борбата против криминалот и корупцијата. Се водат истраги за разни криминални дејствија, се расчистуваат случаи, се апсат луѓе кои се огрешиле пред законите, како и лица кои во време на СДС беа недопирливи. Борбата против криминалот и корупцијата ја гледаат и препознаваат и граѓаните. Затоа и на истражувањата на јавното мислење 60% од нив сметаат дека борбата на Владата со криминалот е интензивна и континуирана“, велат од Вмро Дпмне.

Синоќа во Штип 25 годишен турски државјанин беше убиен од 21 годишник, исто така од Турција.

Ангел Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button