ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реакции за именувањето на Стоиљковиќ

Реакции за именувањето на Стоиљковиќ

Предлогот Иван Стоилковиќ да биде министер за односи меѓу заедниците предизвика реакција од Европскиот фронт, од каде ја обвинија коалицијата ВРЕДИ, дека го оставила спроведувањето на Охридскиот договор во рацете на Србин со путинистичко убедување. Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, реагираше на Фејсбук, исмевајќи го почетокот на промената. Регираше и другиот потпретседател, Бујар Османи.

„Охридскиот договор за прв пат од 2001 година во рацете на Србин со путинистичко убедување! Промената само што започна!“,рече Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ.

Изет Меџити реагираше на обвинувањата на Европскиот фронт. Според него, ДУИ манипулира преку пропагандна машинерија. Тој ја потсети ДУИ дека ова министерство постои од 2008 година, а во рацете на Стоилковиќ не е унапредувањето и заштитата на правата на Албанците.

„Пропагандната машина на Артан Груби и Бујар Османи не запира! Нив народот ги осуди со гласање, затоа што наместо да работат, тие ги исмејуваа Албанците и играа фудбал во канцелариите на министерствата. Иван Стоилкович не го зеде Министерството за политички систем, ниту Охридскиот договор! Стоилковиќ е номиниран за министер за односи меѓу заедниците, додека ова Министерство, кое беше формирано во 2008 година, до неодамна ги имаше под ингеренции заштитата и афирмацијата на етничките групи помали од 20%, односно во унапредување на правата на Турците, Србите, Бошњаците, Ромите и другите”, нагласи Изет Меџити, претседател на Демократското движење.

Во 2019 година, ДУИ го трансформираше Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. На 27.02.2019 година пратениците Артан Груби, Зеќир Рамчиловиќ, Панчо Минов, Јован Митревски, Џеват Адеми, Ејуп Аљими и Реџаил Исмаили предложија Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор да стане Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Во образложението на законот беше речено дека тоа се прави со цел подобро спроведување на Охридскиот договор.

„Само да направам споредба пред и по 2001 година со Охридскиот договор. Од 150 полицајци, денес имате над 2.300 полицајци во државните структури. Да направиме споредба пред 2001 година и по Охридскиот договор со 70 офицери денес имаме над 2000 офицери и подофицери. Само направете споредба пред и по Охридскиот договор. Од администрацијата која беше на 3 проценти, денес имате над 20 проценти и се повеќе и повеќе се работи за да се постигне вистинската застапеност “, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ (2022).

Дваесет и три години подоцна, Охридскиот договор, како политички и институционален патоказ за Албанците во Македонија, стана договор во кој Ахмети ги претставуваше не само Албанците, туку и другите етникуми, вклучително и Србите, па дури и поранешниот претседател Борис Трајковски.

“Ги претставував сите заедници кои немаа свои претставници таму. Сум ја претставувал и ромската, турсата, бошњачката, српската и влашката заедница, но сум го претставувал и претседателот Борис Трајковски, кого не го признаваа и не ја легализираа неговата евангелистичка вера“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ .

Со последните законски измени, Министерството за односи со заедниците нема да ги има ингеренциите на политичкиот систем.
Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button