ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реакција за Талат Џафери од семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

По одлуката да не се расправа за трагедијата во Бугарија во собраниската анкетна комисија, реагираа членовите на семејствата. „Ние, семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, ја бараме само вистината и правдата.

За таа цел побаравме Анкетната комисија да одржи седница за човековите права и слободи во Собранието. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја откажал“, реагираат членовите на семејствата. Според нив, ваквите одлуки се обид да се сокрие трагедијата. Тие нагласуваат дека Џафери уште повеќе ја влошил нивната болка и јавно го прашуваат зошто вистината му пречи, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button