
„Кралскиот клуб“ ги објави цените на влезниците за дуелот со Ваљадолид, а тие се повисоки за над 70% во однос на минатата натпреварувачка кампања. Најевтиниот билет сега е 95 евра, а лани изнесуваше 55, додека најскапиот е 210 евра.
Дали тоа ќе влијае на посетеноста, ќе се знае на 25 август кога Реал го игра првиот меч на домашен терен, против Ваљадолид кога и Килијан Мбапе ќе се претстави пред навивачите.
Со оглед на тоа што цените на влезниците за натпреварите на Реал не се фиксни и флуктуираат во текот на сезоната, во зависност од ривалот, може да се очекува за дуелите против Барселона, Атлетико и некои други, тие да достигнат астрономски височини, можеби и по неколку илјади евра.
Ваљадолид е нов член на Ла Лига и секако припаѓа во групата на неатрактивните противници, па и цените за овој натпревар се нешто пониски.