СПОРТФУДБАЛ

Реал Мадрид го посакува Родри како наследник на Тони Крос

Реал Мадрид продолжува да бара квалитетен централен играч за врска кој ќе го засили тимот по заминувањето на Тони Крос, кој објави дека ќе ја заврши кариерата по завршувањето на ЕВРО 2024. Новото име кое се поврзува со „кралскиот клуб“ е Родри од Манчестер Сити, пишува „АС“.

До неодамна, на „Бернабеу“ се надеваа дека ќе го убедат Крос да потпише уште најмалку една сезона. Сепак, Германецот одлучи дека е време да стави крај на кариерата. Така, Реал веќе реши итно да најде замена за него, а претседателот Флорентино Перез се надева дека ќе успее да го донесе Родри во Мадрид.

Сепак, привлекувањето на 27-годишниот фудбалер ќе биде доста тешка задача. Тој има договор со Манчестер Сити до 2027 година, а на „Итихад“ немаат апсолутно никаква намера да се разделат со еден од нивните најважни играчи. Родри имаше уште една одлична сезона за „граѓаните“, во која одигра 49 натпревари, на кои имаше девет гола и 14 асистенции. Во моментов неговата цена на пазарот е над 100 милиони евра, а се очекува Сити да бара многу повеќе.

Реал Мадрид ќе се обиде со Родри, но можеби ќе треба да ги пренасочи своите напори кон други трансферни цели. Меѓу нив се имињата на Џошуа Кимих и на Алексис Мекалистер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button