
Реал Мадрид се квалификуваше во нокаут фазата на Светското клупско првенство откако го победи Салцбург во натпревар од последното коло во Групата Х на турнирот so 0-3.
Мадрид поведе во првото полувреме со головите на Винисиус Жуниор (40′) и Федерико Валверде (45’+3′), а кратко пред крајот на регуларното време постигна и Гонзало Гарсија (84′).
На втората средба Ал Хилал славеше против Пачука со 2-0.
Во осминафиналето ќе гледаме девет европски тимови, четири бразилски тимови, еден тим од Саудиска Арабија, Мексико и САД.
Во осминафиналето на Светското клупско првенство ќе се сретнат следните тимови:
Палмеирас – Ботафого
Бенфика – Челзи
Интер – Флуминенсе
Манчестер Сити – Ал Хилал
ПСЖ – Интер Мајами
Фламенго – Баерн Минхен
Реал Мадрид – Јувентус
Борусија Дортмунд – Монтереј
Финалето на Светското клупско првенство е закажано за недела, 13 јули, со почеток во 21 часот по средноевропско време.
sportmedia.mk