
Фудбалерите на Реал Мадрид и во новата сезона се во добра форма. Тие се непоразени во Лигата на Шампионите, a како првопласирани го пречекуваат „Ел Класико“ овој викенд во Ла Лига.
Сепак, „кралскиот клуб“ го следи трансфер пазарот. Еден од играчите за кои се силно заинтересирани е младиот напаѓач на Баерн, Џамал Мусијала. 20-годишниот германски репрезентативец со баварците веќе има освоено десет трофеи. Играше за академијата на Саутемптон и за јуниорските категории на Челси, а потоа дојде во Баерн Минхен.
Сезонава на 10 натпревари постигна два гола со три асистенции. Неговата проценета вредност е 110 милиони евра, а договорот му истекува во 2026 година.