СПОРТФУДБАЛ

Реал Мадрид влегува во трката за играчот од средниот ред на Баерн

Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргнува во офанзива за летна реконструкција на тимот. Претседателот Флорентино Перез ова лето конечно треба да го комплетира доаѓањето на Килијан Мбапе од ПСЖ, но гледа и кон Германија, поточно кон Баерн Минхен.

Шпанските медиуми пишуваат дека Перез сака да го ангажира Џошуа Кимих, кој не е задоволен од моментниот статус и од атмосферата во Баерн Минхен.

За потписот на Кимих се заинтересирани уште неколку тимови, меѓу кои и Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити. Баерн Минхен наводно е подготвен да го продаде Кимих, но само доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button